ЛДП-Куманово: Советничко прашање на членот на Советот на Општина Куманово, Ивица Костовски

Седница на Совет на Општина КумановоЧленот на Советот на Општина Куманово и претседател на ОО на ЛДП-Куманово, Ивица Костовски на 42-та седница на Советот на Општина Куманово, на која како единствена точка на дневниот ред беа советнички прашања, упати прашање до раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово зошто лицата кои се вработени во училиштата како наставници по предметот „Природни науки“, кој Министерството за образование го воведе да го изучуваат учениците во трето одделение, сеуште не примаат плата,а редовно ги извршуваат своите работни обврски, а оние кои работат во населените места надвор од градот имаат и секојдневни финансиски трошоци за патување до училиштата во кои што работат.

На ова прашање одговор даде раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово, при што истакна дека платите на наставниците треба да ги обезбеди надлежното министерство, а Општината нема законска надлежност да исплаќа плати на наставници.

 

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

ЛДП Гевгелија: Тихомир Ручкоманов – излагање на седница на Советот на Општина Гевгелија

ЛДП Гевгелија: Тихомир Ручкоманов – излагање на седница на Советот на Општина Гевгелија Сподели....FacebookTwitteremail