ОО на ЛДП Куманово – Активности за одбележување на 20-от роденден на Либерално-демократската партија

Општинската организација на Либерално демократската партија од Куманово на 19ти месецов ќе го одбележи својот 20-ти јубилеј, а по тој повод од партиското раководство најавија низа активности.

На 18.04.2017 година (вторник) со почеток во 11 часот, Форумот на жени при ОО на ЛДП – Куманово ќе подели велигденски јајца и ситни колачи во Дневниот центар за лица со посебни потреби „Порака Наша“ во Куманово. На 19.04.2017 година (среда) со почеток во 1900 часот во партиските простории ќе се одржи свечена седница на Општинскиот одбор на ОО на ЛДП, при што на истакнати членови на партијата ќе им бидат доделени плакети, а ќе бидат изложени и фотографии на кои се претставени дел од активностите на Општинската организација на ЛДП-Куманово во изминатиот 20 годишен период. На 20.04.2017 година (четврток) во периодот од 10 до 15 часот во просториите на Одделот за трансфузиологија при Општата болница во Куманово, Општинската организација на ЛДП-Куманово ќе ја организира 20-тата по ред традиционална крводарителска акција, при што ги покануваме своите членови, симпатизери и граѓаните на Куманово да земат учество во истата.

Истовремено, Претседателот на Општинската организација, Ивица Костовски, во името на партијата на сите граѓани на Куманово од христијанска вероисповед им ги честиташе Велигденските празници.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Младите Либерал-демократи успешно го завршија вториот модул од Регионалната Либерална Политичка Академија

Со посетата во Брисел завршена е втората по ред Регионална либерална политичка академија (RLPA) на ...