Средба на директорот на ДЗИ, Јане Станкоски со земјоделците од Ново Село

Директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски заедно со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски се сретнаа со земјоделците од Ново Село.

Тие остварија средби со членовите на ловно-риболовното друштво “Елен”, со кои разговараа за олеснување на законските одредби за полагање на ловечкиот испит.

Ги посетија земјоделците кои произведуваат пиперки и се запознаа со состојбата со откупот на црвената пиперка.

Имаа средби и со сточарите од овој регион, со кои разговараа за моменталната состојба во сточарството, како една од стратешките гранки на македонското земјоделство.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана ...