Касапов: Талески да не се крие, туку да се соочи со лицето на правдата

Денес, СЈО најави дека следните денови за случајот „Транспортер“ ќе биде поднесено обвинение. Тоа значи дека Владимир Талески ќе добие повисок чин и од осомничен ќе биде унапреден во обвинет.

Ова е уште еден доказ дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Талески се кријат зад некаква си платформа, со цел да не се соочат со лицето на правдата.

Ова е уште еден доказ дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Талески не се борат за Македонија, туку се борат за нивната слобода.

ЛДП уште еднаш ги повикува советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, како и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, да го осудат штетното, за Битола и битолчани, работење на Талески да побараат тој да си поднесе оставка и да не застануваат во негова одбрана и во одбрана на сомнежите за криминал тежок 360 000 евра.

 

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...