Monthly Archives: July 2017

Министерот и потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ во посета на индустриската зона во Тетово

Министерот во владата на РМ и потпретседател на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ, во изминатата недела ја посети индустриската зона во Тетово. POFIX, FRIGOTEHNIKA 2000, FRIGOTEHNIKA BEI, FRIGOTEHNIKA PLUS и UNIFRIGO се дел од компаниите каде министерот Шапуриќ разговараше со менаџментот и ги запозна со мерките кои Владата ќе ги спроведува во иднина со цел подобрување и изедначување на условите ...

Повеќе »

Настап на Претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски на Комисијта за финансирање и буџет

На последниот ден, како последна дискусија пред завршување на расправата по амандманите по ребалансот на буџетот, беше говорот на пратеникот и претседател на ЛДП, Горан Милевски. Дел од неговата дискусија беше изразување на разочараност од начинот на кој опозицијата и пристапи на овој ребаланс. Наместо да го разгледаат буџетот и да дадат автентични амандмани, опозицијата реши да ги препише амандманите ...

Повеќе »

Настап на пратеничката Јулиана Николова на Комисијата за финансирање и буџет

Денес на комисијата за финансирање и буџет своја дискусија имаше и пратеничката од ЛДП Јулиана Николова, а во врска со амандманот за изградба на пречистителна станица во Петровец: Сакам да го поздравам успешното мапирање на проблемите кои претходната Влада ги остави во наследство на новата, впрочем, големиот број на поднесени амандмани на опозицијата, (без разлика дали се преземени од нашите ...

Повеќе »

Министерот и потпретседател на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ, гостин во “10 минути“ на ТВ21

Министерот и потпретседател на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ, во своето гостување на емисијата “10 минути“ на ТВ21 разговараше за активностите и идеите на владата за третманот и условите на странските и домашните инвеститори. Шапуриќ во интервјуто ги повтори заложбите за поедноставување на законската регулатива, технолошкиот развој, како и олеснувањето на процедурите за инвестирање во економијата.  

Повеќе »

Средба на министерот и потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ, со евроамбасадорот Самуел Жбогар

Вчера, шефот на делегацијата на Европска Унија, Самуел Жбогар, го посети министерот, проф. д-р Зоран Шапуриќ, во Владата на Република Македонија. Евроамбасадорот Жбогар изрази задоволство од силната посветеност на Владата, предводена од премиерот Зоран Заев, за интензивирање на процесите за приближување на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО. Евроамбасадорот се интересираше за начинот и процедурите за усвојување ...

Повеќе »

Зоран Павловски именуван за државен секретар во Министерство за економија

Денеска на предлог на ЛДП, за нов државен секретар во Министерството за економија е именуван Зоран Павловски. Зоран Павловски, член на Либерално-демократската партија, на ова место доаѓа од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и стратешко планирање во Општина Куманово, со иксуство во развој на локална економија, поддршка во развој на мали и средни претпријатија, ...

Повеќе »

Министерот и потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ, во посета на овластените архитекти и инжинери

На покана на претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, проф. д-р Миле Димитровски, се оствари работна средба со министерот проф. д-р Зоран Шапуриќ, во просториите на Комората. На состанокот присуствуваа околу четириесетина инженери-членови на Комарата, кои го запознаа министерот Шапуриќ со проблемите со коишто се сретнуваат при извршување на нивната дејност, изразија благодарност за посетата но и ...

Повеќе »

Шапуриќ за Канал 5: Ќе ги поддржиме домашните и странските компании

До крајот на годинава, домашните компании може да очекуваат ист третман и поддршка од владата како и странските инвеститори, најавува министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија. Министерот и потпретседател на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ во интервјуто за Канал 5 исто така вели дека големиот број на административци нема да се намалува со отпуштања, ...

Повеќе »

Министерот Зоран Шапуриќ гостин на ТВ Плус Куманово

Министерот и потпреседател на ЛДП, Проф. д-р Зоран Шапуриќ, гостуваше во телевизијата “Плус ТВ Куманово“. Во својот настап помеѓу другото, Шапуриќ ги изнесе главните елементи од изедначувањето на добивање на поволностите за домашните инвеститори, како на оние што ги имаат странските инвеститори. Министерот Шапуруќ се осврна и на проблемите со кои се соочува бизнис секторот во македонската економија и презентираше ...

Повеќе »

Изборно собрание на ОО ЛДП Ресен

Либерално-демократската партија, викендов го одржа изборното собрание на општинската организација на ЛДП во Ресен. Присутните делегати ги поздравија претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, потпретседателот и министер, Зоран Шапуриќ и координаторот на ЛДП, Валентин Груевски. Во очи на локалните избори, за претседател на ОО ЛДП Ресен е избрана Весна Миркова.

Повеќе »