5-то Собрание, ЛДП Гевгелија со нов Општински одбор

На 14.12.2017 година се одржа Петтото Собрание на општинската организација на ЛДП Гевгелија.

На Собранието, покрај делегатите, присутни беа и Претседателот на ЛДП, Г-дин Горан Милевски, Министерот од редовите на ЛДП, Г-дин Зоран Шапуриќ, како и гости од општинските организации на ЛДП од Струмица и Демир Капија,

Присутните делегати, согласно Статутот на партијата, избраа нов општински и надзорен одбор на Општинската организација на ЛДП Гевгелија.

Новиот состав на ОО на ЛДП Гевгелија, на Седница закажана за 26.12.2017 година, ќе има можност да бира и нов Претседател, потпретседатели, секретар, како и нов извршен одбор на ЛДП Гевгелија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на Балкански инженерски форум во Софија

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, д-р Зоран ...