Изборно собрание на ОО на ЛДП Аеродром

На 17,12,2015 година, во хотел Порта-Скопје, се одржа шестото изборно Собрание на општинската Организација на Либерално-демократската партија – Аеродром.

Пред присутните делегати, од страна на дотогашниот Претседател на ОО, Марјан Здравковски, беше презентиран извештајот за работата на ОО во изминатиот четиригодишен период. Исто така беа презентирани и насоките за работа на ОО на ЛДП Аеродром во наредниот период. Презентираните документи, од страна на присутните делегати, беа едногласно усвоени.

Исто така, на Собранието беа избрани и нови органи кои ќе раководат со општинската Организација во наредниот четиригодишен мандат. Избран беше нов состав на Опртинскиот одбор, на Изврштниот одбор, како и нов Претседател, Секретар и Потпретседатели на Општинската организација.

За претседател избрана е Силвана Трбогазова, за Секретар Иво Антонијевиќ а за потпреседатели Стевче Груевски и Бобан Тасевски

Покрај присутните делегати, на Собранието присуствуваа и Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, Генералниот Секретар, Дуфе Кукоски и Потпретседателот, Зоран Шапуриќ. Исто така, на собранието присуствуваше и членот на ИО на ЛДП Дејанчо Цветановски како и Претседателите на соседните скопски општиснки организации, Кисела Вода (Игор Вељановски), Центар (Светозар Антониевски), Гази Баба (Зоран Стојанов).

Дел од атмосферта од одржаото Собрание можете да погледате на следните фотогрфии:

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...