Форум на жени на ЛДП – Битола

%d0%a4%d0%be%d1%80%d1%83%d0%bc-%d0%91%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%b0На 19.10.2016 год. Извршниот одбор на Општинската организација на Форумот на жени на ЛДП од Битола, ја одржа својата 6-та седница на која меѓу другото се разгледа информацијата за одржаниот семинар Форумот во Хотел Милениум (Охрид) на тема “Консолидација на женските права на форумот на жени на ЛДП“ како и информацијата за одржаниот прес од страна на Претседателката на Форумот на жени на ЛДП Битола –Лидија Ѓошевска.
На оваа седница се направи и доекипирање на органите на ОО на Форумот на жени – Битола, при што Фанче Јошевска беше едногласно избрана за Секретар на Форум на жени – ОО Битола.
Исто така, се дискутираше за идејни активности на форумот на жени во наредниот период, пред се во пресрет на вондредните парламентарни избори закажани за во декември 2016. За таа цел на седницата на ОО на Форумот на жени – Битола беше поканет и Претседателот на ОО на ЛДП Битола, Александар Касапов, кој од своја страна ги информира присутните за активностите кои ги превзема ЛДП за претстојните избори како и за постапката за избор на пратеници во Собранието на РМ од страна на ЛДП.

 

 

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана ...