ЛДП на конгресот на Алијансата на либерали и демократи во Европа (АЛДЕ)

%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd-%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8Делегација на Либерално-демократската партија, предводена од претседателот, Горан Милевски, присуствува на конгресот на Алијансата на либерали и демократи во Европа (АЛДЕ), кој се одржува во Варшава, Полска.

Денеска, ЛДП е повторно вратена како член во семејството на европските либерали и демократи, за чиј влез позитивно се изјаснија сите членки на АЛДЕ. ЛДП е единствена партија од Македонија која е членка на оваа организација, примена под уставното име.

Алијансата на либерали и демократи во Европа важи за 4-та сила во Европскиот парламент, од каде доаѓаат премиерите на Данска, Белгија, Финска, Холандија, Луксембург и Словенија.

%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%85%d0%b0%d0%bd%d1%81-%d0%b2%d0%b0%d0%bd-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bdОваа постапка е силен показател дека либерал-демократите од Европа сакаат час поскоро да ја видат Република Македонија во европското семејство, а изборите – шанса за повторно воспоставување на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, како и враќање на земјата на одамна изгубениот евроатлантски пат.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...