Конгрес на АЛДЕ: ЛДП полноправен член на Алијанста на либерали и демократи за Европа

Викендов (1-3,12,2017 год.), делагација на Либерално демократската партија (ЛДП) присуствуваше на Конгресот на партијата АЛДЕ – Алијанса на либерали и демократи за Европа (ALDE – Alliance of Liberals and Democrats for Europe), што преставува најголем собир на либерали и демократи на стариот континент, на кој присуствуваа повеќе од 1500 делегати и гости.

На Конгресот беше едногласно прифатено барањето на Либерално демократската партија за прием во полноправно членство.

Треба да се истакне дека приемот на ЛДП во АЛДЕ е под уставното име на државата – Република Македонија.

Ова преставува голем успех за ЛДП и за државата бидејќи во европското либерал-демократско семејство членуваат партии на 8 европски Премиери.

Со овој чин се потврди и долгогодишната безрезервна поддршка што АЛДЕ, како организација, но и нејзините врвни претставници, пред се Претседателот на АЛДЕ,  г-динот Ханс Ван Баален и ја даваат на Република Македонија.

На конгресот г-динот Ван Баален, беше ре-избран за претеседател на АЛДЕ.

Во рамките на Конгресот, се одржа и изборно Собрание на регионалната организација ЛИБСЕН – Мрежа на либерали од југо-источна Европа (LIBSEEN – Liberal South East European Network) на која се избра нов Претседател, г-дин Роман Јакиќ (Словенија), кој ќе ја предводи оваа регионална мрежа а членот на Ивршниот одбор на ЛДП, г-дин Дејанчо Цветановски, е ре-избран во раковотството (Libseen Steering Committee) на оваа меѓународна организација.

Истовремено, овој собир беше искористен и за голем број билатерални средби на претставниците на ЛДП со претставниците на останатите партии присутни на Конгресот, Европратеници и премиери на држави, како и со истакнати поединци кои се дел од либерално-демократското семејство на Европа.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛИДЕМ: Благодарение на децениските погрешни политики, Скопје e втор најзагаден град во светот!

Свесното и системско уништување на зеленилото и дрвата, збогатено со ефектот од скопската урбана мафија ...