Антонио Димов – Нов директор на КПУ – “Идризово“

Владата на Република Македонија, на својата 54 седница, донесе одлука за именување на Антонио Димов за директор на Казнено-поправната установа “Идризово“.

Димов е дипломиран економист. Во својата професионална кариера има работено во компанијата „Брако’ а подоцна и во „Фершпед“ а работел и како финансиски советник и во неколку други компании.

Во ЛДП членува од 1997 година и низ годините извршувал различни партиски функции како член на ОО на ЛДП Велес, член на ЦО, а подоцна и ИО на ЛиДеМ и член на Централниот Одбор на ЛДП.

Во моментов ја извршува фукцијата Извршен секретар на ЛДП.

 

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...