Emil Lazarevski

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател на Парламентот со поддршка на мнозинството од демократски избраните пратеници. Вакви чинови на насилство во Парламентот се целосно неприфатливи и со огромно жалење гледав додека демократски избраните народни претставници – пратениците, особено нивните лидери, Зоран Заев и коалицискиот партнер Зијадин Села, беа таргетирани и повредени ...

Повеќе »

ЛДП: Обидот за линчување на пратеници мора да биде најстрого казнет

Либерално-демократската партија упатува честитки до новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и воедно апалираме на итно формирање на реформска влада. Парламентарното мнозинство во овој тежок момент мора да вложи сѐ од себе за нормализирање на состојбите, спроведување и почитување на Уставот и законите, владеењето на правото и правдата, враќање на заробените институциите и правосудниот систем во рамките ...

Повеќе »

ЛДП повикува на одговорност за хирот на владата

Пред неполни две години беа набавени и засадени  1.100 палми, за кои се залудно потрошени 522.000 евра. На ова треба да се додадат и транспортните трошоци, трошоците за складирање, засадување, третманот за заштита за време на на летниот и зимскиот период, како што се нивно тн. туширање, обвививање, набавка на специјално ѓубриво и други препарати и низа други трошоци.  Со ...

Повеќе »

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа предвесници на овие реформи во државата. Тие се спротивставија на ниско развиената еколошка свест, на недоволната информираност во врска со екологијата и еколошките постапки кои што треба да се преземат и цврсто застанаа против неодговорноста на  сите оние кои сакаа да ја загрозат животна средина ...

Повеќе »

ЛДП: Кожув да се прогласи за заштитено подрачје

На трибината одржана завчера во Гевгелија, “Аргументи  за претсојниот референдум –  против рудниците на планината Кожув“, потпретеседателот на Либерално-демократската партија, Зоран Шапуриќ, помеѓу другото, истакна дека принципите на одржлив развој подразбираат економски развој, кој е целосно усогласен со висок степен на заштита на животната средина и грижа за здравјето на луѓето. Геолошките истражувања за експлоатација кај месноста Kоњско и Коњска ...

Повеќе »

ЛДП: Сѐ уште имаме обврска кон граѓаните од поплавените подрачја во околината на Скопје

Граѓаните од Скопје и околината кои настрадаа во ланските поплави не треба да бидат заборавени ниту од институциите, ниту од хуманите граѓани. За жал, дури и по девет месеци од водената стихија, добар дел од нив се оставени сами да се снаоѓаат и да си ги решаваат проблемите и последиците од уништените домови. Членови на Градската организација на Либерално-демократската партија, ...

Повеќе »

ЛДП: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не смее и натаму да биде кочничар на реформите во здравството

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не смее и натаму да биде кочничар на реформите во здравството на штета на здравјето на македонските граѓани. Секојдневните недостатоци на лекови, медицински помагала во болниците и реагенси во лабораториите се рефлектираат на најсуштествените потреби на пацентите. Иако во некои случаи причината е немање на средства, во други – неточни предвидувања на потребите, сепак најчестата причина е доцнењето ...

Повеќе »

Шапуриќ: Општина Аеродром е веќе неподнослива за живеење

Интегрален текст од прес конференциија на потпретседателот на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ   Повод за денешниот прес на Либерално-демократската партија се катастрофално лошите услови за живеење во општината Аеродром, каде веќе 12 години ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Оттогаш, од ден во ден, условите за живеење во општината стануваат сѐ повеќе неподносливи. Граѓаните се соочуваат со урбан хаос и бесмилосна ...

Повеќе »

Јаневиќ: Избор на претседател на државата со двотретинско мнозинство во Собранието на РМ

Интегрален текст од прес конференција на портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ   ЛДП со голема загриженост го следи продлабочувањето на политичката криза во Македонија. Иванов со недавањето на мандатот за формирање Влада на јасно изразено мнозинство во парламентот се наметна како фактор на нестабилност. Веќе втор мандат Иванов покажува дека не само што не е дораснат на фунцијата претседател, туку ...

Повеќе »

ЛДП: Антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати реалноста

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврди дека е антидржавно par excellence, со тоа што сега една недела го блокира и конституирањето на Собранието на Република Македонија. Никола Груевски треба да сфати дека е опозиција и од тој факт бегање нема. Либерално-демократската партија бара од Груевски да престане да се крие зад бескрајните реплики и контрареплики и на мирен начин да ...

Повеќе »