Dejancho Cvetanovski

Директорот на ДЗИ Станкоски заедно со Министерот Николовски на средба со винарските визби

Директорот на државниот земјоделскиот инспекторат Јане Станкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, учествуваше на средбата со најголемите винарски визби. На средбата се разговараше за тековните состојби во лозарство и винарството, проблеми со кои се соочуваат винарските визби, состојба со залихите на вино како и плановите во врска со претстојниот откуп на винско грозје за тековната ...

Повеќе »

Работна средба Станкоски – Николовски

Директорот на државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски, оствари работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. На средбата е разговарано за приоритетите во работата на ДЗИ по стапувањето на функцијата директор од страна на Јане Станкоски, од почетокот на оваа недела.  

Повеќе »

Собрание на Општинската организација на ЛДП – Долнени

Либерално-демократската партија, на 12.07.2017 година, одржа Собрание на Општинската организација на ЛДП во Општина Долнени. Со ова се реактивира една од општинските организации која во минатото успешно работеше. За претседател членовите на општинскиот одбор го избраа г-дин. Славе Петрески од с. Бело Поле. Им посакуваме плодна работа и успеси во иднина.  

Повеќе »

Реакција на ЛДП Гевгелија: Масовна кражба на гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија!

Масовна кражба на гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија! Почитувани сограѓани, Деновиве ни беше доставен документ за потрошеното гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија по возила, за период од 01.01.2017 година до 31.03.2017 година, споредбено со истиот период за минатата 2016 година. Податоците се фрапирачки и покажуваат масовна кражба на гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија. Четири ставки од извештајот се највпечатливи и ...

Повеќе »

Претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, со партиска делегација на ЛДП Куманово, положија свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце

По повод националниот празник Илинден делегација на ЛДП, предводена од претседателот и пратеник Горан Милевски, во чиј состав беа и Ивица Костовски, претседател на општинската организација на ЛДП од Куманово, Иле Митковски, член на Централниот одбор и д-р Велимир Кузмановски, член на Советот за здравство на ЛДП, положија свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце

Повеќе »

Претседателката на Форумот на жени на ЛДП и пратеник на во Собранието на РМ, Јулиана Николова, дел од собраниската делегација која присуствуваше на прославата на централната манифестација на Мечкин камен во Крушево.

По повод националниот празник Илинден, Претседателката на Форумот на жени на ЛДП и пратеник на во Собранието на РМ, Јулиана Николова, беше дел од собраниската делегација која присуствуваше на прославата на централната манифестација на Мечкин камен во Крушево.

Повеќе »

Потпретседател на ЛДП и министер во владата на РМ, Зоран Шапуриќ беше дел од владината делегација која го прослави празникот во битолското село Трново

По повод националниот празник Илинден, министерот и потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ беше дел од владината делегација која го прослави празникот во битолското село Трново во дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица. На прославата присуствуваа и претседателот на општинската организација на ЛДП од Битола Александар Касапов заедно со Томче Цветковски потпретседател на ЛДП од Битола и Борче Груевски член ...

Повеќе »

Делегација на ЛДП, предводена од Никица Корубин пратеник во Собранието на РМ, во одбележување на празникот со полагање свежо цвеќе на спомен обележјата во Скопје

По повод чествувањето на националниот празник Илинден, делегација на ЛДП предводена од Никица Корубин пратеник во Собранието на РМ, во чиј состав беа и Мара Столеска, секретар на градската организација на ЛДП и Марина Чорбеска, претседател на општинската организација на ЛДП од Кисела Вода, положија свежо цвеќе пред споменикот на Президиумот на АСНОМ во Жена парк, пред споменикот на Никола ...

Повеќе »

Одбележување на националниот празник Илинден, Денот на Републиката од страна на ЛДП-Гевгелија

Одбележување на националниот празник Илинден, Денот на Републиката од страна на ЛДП-Гевгелија, со положување свежо цвеќе на дел од спомениците во Општина Гевгелија.

Повеќе »

Делегација на ОО на ЛДП – Стримица, предводена од претседателката Верица Буралиева положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев

По повод националниот празник Илинден, делегација на општинската организација на ЛДП од Стримица предводена од претседателката, Верица Буралиева положија свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во овој град.

Повеќе »