Делегација од ЛДП на конгресот на Европските либерал-демократи во Будимпешта

Милевски - Ван Баален - ШапуриќДелегацијата на Либерално демократската партија, предводена од претседателот, Горан Милевски, учествува на конгресот на АЛДЕ – Алијанса на либерални демократи во Европа, што се одржува во Будимпешта од 19 – 21 ноември.

На маргините на конгресот, претседателот Милевски оствари бројни билатерални средби,  помеѓу кои и со пратеникот во Европскиот парламент, Ханс ван Баален, кој на овој конгрес е  кандидат за претседател на АЛДЕ; престедателот на Сенатот на Романија, Калин Попеску-Тариецану и Илхан Кучук, исто така, пратеник во Европскиот парламент.

На средбите помеѓу другото, се разговараше за можностите кои и’ стојат на располагање на Македонија за забрзување на евроатланските интеграции, за актуелната политичка состојба во Македонија и во регионот, како и за зајакнување на соработката на ЛДП со АЛДЕ.

Во составот на делегацијата, покрај претседателот Горан Милевски, се и Зоран Шапуриќ,  потпретседател на ЛДП и Владимир Кироски, секретар за меѓународна соработка на ЛДП.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...