Либерално Демократска Младина

ЛиДеМ: Изборно Собрание на ОО-БИТОЛА

На 10.12.2015 година во Битола, во Хотел Милениум, се одржа 10-то собрание на Либерално демократската младина, општинската организација Битола. На собранието покрај усвоените собраниски документи, како извештај за работа на О.О. ЛиДеМ-Битола во изминатиот период и предлог правци за работа во наредниот период, присутните делегати бираа нов претседател и за нови органи на општинската организација. За нов претседател на О.О. ...

Повеќе »

Изборно Собрание на ЛиДеМ Куманово

На 18,11,2015 година во Куманово се одржа 9-то Собрание на Либерално-демократската младина. Општинска организација Куманово. На Собранието е покрај усвоените собраниски документи како Извештај за работата на ОО во изминатиот период и План за работа на ОО во наредниот период, придутните делегати гласаа и за ново раководство на Општинската организација. За нов Претседател на ОО на ЛиДеМ Куманово избран е ...

Повеќе »

(ГАЛЕРИЈА) Капацитетите на ЛИДЕМ – главна тема на зимската школа во Струмица

Градење на капацитетите на новите, млади либерал-демократи беше темата на зимската школа на Либерално-демократската младина, која се одржа во Струмица од 13-15 ноември. Младите од ЛИДЕМ имаа можност да дискутираат, разменат мислења и информации во однос на активностите, очекувањата и досегашните резултати од ЛИДЕМ. Недостапноста и недоволната информираност околу активностите беа едни од клучните проблеми кои, новите членови на ЛИДЕМ ...

Повеќе »

ЛИДЕМ: Итно решавање на проблемите на македонските студенти!

Либерално демократската младина им го честита меѓународниот ден на студентите на сите минати, сегашни и идни студенти, посакувајќи им успех на секое поле во професионалниот и приватниот развој. Денешниот празник е празник на високото образование, но во Македонскиот високообразовен систем времето за славење е одамна поминато. Недостатокот на квалитетни реформи во образованието е само една од причините за оваа безнадежна ...

Повеќе »

Либерално-демократската младина учесник на летната академиjа на LYMEC (Европска Либерална Младина) во Ден Хаг

Во периодот од 17 до 20 септември 2015 во организација на Европската либерална младина (LYMEC), Младинската организација за слобода и демократија на Холандија (VVD) и Демократската младина Холандија (D66), во Ден Хаг, Холандија, беше одржана летна академија на тема “Summerschool- Security and diplomacy “ на која учество земаа 23 претставници на повеќе членки на споменатите организатори и претставници на амбасади ...

Повеќе »

ЛиДеМ, Зелена Алтернатива и Канабис Клуб – Легализација на медицинскиот канабис

Либерално-демократската младина, заедно со невладините “Зелена Алтернатива“ и “Канабис Клуб“ беше дел од првата велосипедска тура за подигање на свеста и легализирање на употребата на канабисот и продуктите од истиот во медицински цели. Претседателот на ЛиДеМ, Стефан Миноски, во изјава за медиумите нагласи дека ЛиДеМ ја поддржува и ќе продолжи да ја поддржува идејата за легализирање на медицинскиот канабис. Воедно, ...

Повеќе »

ЛиДеМ на конференцијата во Софија: “The never ending role of nationalism in the Balkans“

Либерално-демократската младина (ЛиДеМ) учествуваше  на конференцијата на тема “The never ending role of nationalism in the Balkans” во организација на ISEEL (Initiative of South East European Liberals) во соработка со холландската D66, која се одржа од 04-06.09.2015 год. во Софија. Претставници на ЛиДеМ на оваа конференцијата беа Моника Зајкова и Целе Јолевски. На конференцијата нашите претставници ги презентираа ставовите на либерално-демократската младина во врска со проблемот ...

Повеќе »

ЛиДеМ на регионалната работилница “Train the Trainers“

Делегација на ЛДП-ЛиДеМ, составена од Емил Лазаревски и Стојан Стојкоски, членови на ИО на ЛиДеМ, од 30-ти јуни до 5-ти јули е присутна на регионалната работилница “Train the Trainers”, во организација на фондацијата Фридрих Науман и романскиот Институт за либерални студии (ISL). Покрај ЛиДеМ, на средбата се присутни и младинските организации на либералните партии од Романија, Бугарија и Молдавија, како ...

Повеќе »

ЛиДеМ, учесник на семинар во организација на Младинска Платформа на Мултикултуризам во Битола

Во организација на Младинска Платформа на Мултикултуризам, од 27-28 јуни во Битола, беше одржан сем инар на тема „Македонија на крстопат – Иднината на Мултикултурното Општество“. На настанот присуствуваа преставници од повеќе невладини организации и политички подмладоци кои преку кратки излагања, отворени дискусии и работилници презентираа сопствени ставови и гледишта, како и решенија за поуспешен заеднички соживот. На овој семинар ЛиДеМ ...

Повеќе »

Претседателот на ЛиДеМ, Стефан Миноски – учесник на трибина во “Кампот на слободата“

Претседателот на ЛиДеМ, Стефан Миноски, учествуваше на трибината под наслов: “Сами да одлучуваме за сопствената иднина – улогата на политичките подмладоци”. Покрај Миновски во дискусијата учество зедоа и Стефан Богоев, Претседател на СДММ, Тамара Баара, Претседателка на НСДМ, Џабир Доко, Претседател на младината на Партија за движење на Турците и Мурат Мустафа, младина на Движењето за национално единство на Турците. Дискусијата можете ...

Повеќе »