Локална самоуправа

Зоран Шапуриќ: Директни преноси од седниците на Советот на град Скопје

Советничката група на Сојузот за иднината во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за директни интернет преноси на седниците на Советот на Град Скопје. Сметаме дека граѓаните имаат право да бидат информирани, директно, во живо за начинот на одлучување за нивните секојдневни потреби и прашања. Сметаме дека со оваа иницијатива се овозможува и транспарентност на работењето на Советот и очекуваме ...

Повеќе »

Советничката група на Сојузот на иднината бара директни преноси на седниците на Советот на град Скопје преку live-stream на интернет

На предлог на советникот во од ЛДП, Зоран Шапуриќ, советничката група на Сојузот за иднината во Советот на град Скопје, покрена Иницијатива за директни преноси на седиците на советот преку интернет. Опозициските советници сметаат дека Советот на град Скопје одлучува за важни прашања од многубројни области, кои се од интерес за граѓаните на град Скопје.  Поради тоа, советниците сметаат дека ...

Повеќе »

ЛДП во битолскиот Совет побара оставка од Талески

Советникот на ЛДП од Битола, Александар Касапов, на денешната седница на Советот на Општина Битола побара оставка од градоначалникот Владимир Талески. Касапов во општинскиот Совет побара како точка на дневниот ред да го постави прашањето за моралната одговорност и оставка на Талески, после се она што министерот Ставрески го вели во една од „бомбите“ на опозицијата дека во Битола е ...

Повеќе »

Блажески до Бакрачески: Кој ќе гради на Плаошник?

Во текот на вчерашниот ден советникот од редовите на ЛДП, Дејан Блажески постави прашање до Градоначалникот на Охрид, кое се однесуваше на давање информација за тоа кој ќе гради кај Плаошник, имајќи предвид дека оваа информација ја немаше на официјалниот сајт на општина Охрид. Меѓу другото, новинарите кои работеа на оваа тема, многу добро знаат дека оваа информација недостасуваше на ...

Повеќе »

Рози од Жерновски за дамите

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ и советникот од Сојузот на иднината, Дарко Атанасовски денеска со рози им го честитаа празникот на жените на улицата Македонија и на повеќе локации низ општината. Жерновски вели, ова е само симболична честитка бидејќи жените заслужуваат внимание сите 365 дена во годината. Директорот на ЈП ПОЦ, Богдановиќ порача ...

Повеќе »

Зоран Шапуриќ: Советнички прашања

До Претседателот на Советот на град Скопје М-р Ирена Мишева Предмет : Советнички прашања 1.Во последниве неколку години се зголемуваат ризиците и опасностите од низа заразни болести предизвикани од комарците и од другите инсекти, а особено од тн. нилска треска. Ако се имаат предвид обилните дождови,како и поплави во Скопје и во околината на Скопје, ризиците стануваат уште поголеми.Експертите укажуваат ...

Повеќе »

Жерновски бара прием кај Груевски поради евтино продаденото државно земјиште

Градоначалникот Андреј Жерновски ќе побара да биде примен од премиерот Никола Груевски во врска со продажбата на градежното земјиште на територијата на Центар, при што би го прашал зошто и по две години Општина Центар се уште не доби дозвола да управува со градежните парцели во сопственост на државата, иако со децентрализацијата одамна има право на тоа. Жерновски предложи во ...

Повеќе »

Општина Центар испраќа 800.000 денари помош за поплавените подрачја

Општина Центар од буџетот за 2015 година одвои 800.000 денари за санирање на последиците, како директна помош за поплавените подрачја, информира општинската администрација. Средствата се од делот на буџетот наменет за елементарни непогоди. Извор: plusinfo.mk

Повеќе »

(ВИДЕО) Жерновски: Власта повторно раскрчми атрактивно земјиште за багателна цена

Точно година дена измина откако општина Центар најлегитимно поднесе документ со одлука донесена едногласно, без разлика на партиската припадност на општинските советници, со која се бара враќање во владение на неизграденото градежно земјиште. Документот е поднесен до Министерството за транспорт и врски на 17-ти февруари, 2014-та година. Општината испрати и ургенција на 5-ти септември, истата година, рече градоначалникот на Центар, ...

Повеќе »