Локални активности

Горан Ајтарски од ЛДП во Советот на Пехчево

Во Пехчево на кандидатската листа за советници, на високо трето место се наоѓа претседателот на општинската организација на ЛДП во овој град, Горан Ајтарски. Со ова ЛДП по подолго време ќе има свој претставник во локалниот совет на Пехчево и преку него ќе може да ги реализира програмските определби на партијата.

Повеќе »

ЛДП со Даниела Кржоска во Советот на Берово

Даниела Кржовска, членка на Форумот на жени ќе биде новата советничка на ЛДП во Советот на Општина Берово. Г-ѓата Кржовска се наоѓа на четвртото место на победничката листа на коалицијата која ќе донесе живот за сите во Берово.

Повеќе »

Динчо Крстев од Босилово – кандидат од ЛДП за советник во општинскиот Совет

ЛДП и во иднина ќе учествува во Советот на Општина Босилово. На кандидатската листа на победничката коалиција на високото второ место ќе биде Динчо Крстев кој е актуелен претседател на општинската организација на ЛДП во Босилово. Г-динот Крстев е професор по стручни предмети во средното општинско училиште “Димитар Влахов” во Струмица. Во прилог ви ја презентираме целосната листа со кандидати ...

Повеќе »

ЛДП во Свети Николе со Штерјо Ѓоргиев – претседател на ОО ЛДП Св. Николе

Претседателот на општинската организација на ЛДП од Свети Николе, Штерјо Ѓоргиев се наоѓа на високото трето место на советничката листа на победничката коалиција. Преку г-динот Ѓоргиев, ЛДП по подолго време повторно ќе се врати во локалниот Совет во Свети Николе со што ќе се овозможи во пракса да се реализираат идеите и заложбите на либерално-демократската идеологија во служба на граѓаните ...

Повеќе »

Тони Стојановски, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Пробиштип

Тони Стојановски, претседателот на општинската организација на ЛДП од Пробиштип е кандидатот за советник на добитното 5-то место на листа за советници на победничката коалиција. Со неговиот избор, ЛДП во Пробиштип повторно ќе добие свој претставник во локалниот совет а Стојановски со своето искуство и знаење ќе допринесе да се подобрат условите за живот за сите во Општина Пробиштип.

Повеќе »

ЛДП со Соња Ѓорѓиева во Советот на Виница

Соња Ѓорѓиева уште еднаш ја доби довербата да ја застапува ЛДП во општинскиот Совет во Виница. Членот на Централниот одбор на ЛДП од Виница и голем активист во Форумот на жени, Соња Ѓорѓиева, доби повторно доверба од општинската организација на ЛДП од Виница да ја претставува ЛДП во локалниот Совет во градот. Ѓорѓиева е на високото трето место на кандидатската ...

Повеќе »

Рената Арнаудова – кандидат за советник од ЛДП во Советот на Охрид

Во Охрид, во новиот состав на Советот на општината, идеите и боите на ЛДП ќе ги брани претставничката на Форумот на жени на ЛДП, Рената Арнаудова. Г-ѓата Арнаудова е професорка во охридската гимназија Св. Климент Охридски. Од партиските функции таа е актуелен секретар на општинската организација на ЛДП од Охрид и член на Централниот одбор на Форумот на жени на ...

Повеќе »

Горан Милевски и Валентин Груевски на отворање на изборни штабови во Битола

Вчера, претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, заедно со носителот на коалициската советничка листа во Битола, Валентин Груевски и идниот градоначалник на Битола, Наташа Петровска, присуствуваа и говореа пред присутните граѓани на отворањето на изборните штабови во местата Буковски ливади и Карпош. Масовната посета на граѓаните ја навестува голема победа на 15-ти октомври во Битола.

Повеќе »

ЛДП со Ана Савеска на коалициската советничка листа во Кичево

Објавена листата за советници на коалицијата во Кичево. ЛДП во Советот на Општина Кичево во идниот состав ќе ја застапува секретарот на општинската организација и член на Форумот на жени, Ана Савеска. На листата се наоѓа и членот на извршниот одбор на ОО ЛДП Кичево, Симчо Дејаноски.

Повеќе »