Локални активности

Дени Богатинов е кандидадот за советник од ЛДП во Кочани

Викендов, во Кочани пред граѓаните претставена е листата за советници на победничката коалиција. ЛДП во Кочани преку Дени Богатинов по подолго време ќе добие свој претставник во локалниот совет. Со ова младите од ЛДП добиваат шанса да ги спроведат своите идеи и визии за подобар живот на сите граѓани.

Повеќе »

Средби на директорот на ДЗИ, Станкоски со земјоделците од Кавадаречко

Во рамките на посетата на општина Кавадарци, денес директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски остварија повеќе средби со земјоделците од селата Сопот и Марена.

Повеќе »

Полагање на цвеќе по повод 8-ми септември – ОО ЛДП Струмица

По повод 8 ми септември – Ден на независноста на Република Македонија делегација на ЛДП од Струмица предводена од претседателката Верица Буралиева учествуваше во активностите на локално ниво со кои се одбележа овој празник во Струмица.

Повеќе »

ОО ЛДП Куманово положи свежо цвеќе по повод 8-ми септември, Денот на независноста

Делегација на ОО на ЛДП – Куманово, составена од претседателот Ивица Костовски, потпретседателот Бобан Бојковски и секретарот Светислав Јовановски, по повод празникот 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија, положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата на загинатите борци од НОБ во Куманово.

Повеќе »

Одржано собрание на ОО ЛДП Тетово

На 31-ви август, во Тетово се одржа Собрание на Општинската организација на Либерално-демократската партија (ЛДП). На собранието на кое присуствуваа 38 делегати, избран е општински одбор кој брои 20 члена, како и надзорен одбор од 3 члена. Општинскиот одбор за претседател го избра Мирко Спировски. На собранието присуствуваа и потпретседателот на ЛДП Зоран Шапуриќ, генералниот секретар, Дуфе Кукоски и Владимир ...

Повеќе »

Одржано изборно собрание на ОО ЛДП Берово

Денес се одржа редовно изборно собрание на ЛДП во Берово. Пред присутните делегати се обрати претседателот на ЛДП, Горан Милевски и пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска. Собранието избра нов општински и надзорен одбор.

Повеќе »

Зоран Павловски на отворање на ликовните колонии “Карпино 2016“ и “Куманово 2016“

Минатата недела, членот на Извршниот одбор на ЛДП и раководител на интернационалните ликовни колонии “Карпино 2016“ и “Куманово 2016“, присуствуваше на отворањето на изложбите на насликаните дела. Заедно со историчарката на уметноста, Виолета Калиќ и Драгана Спасковска, кустос од Музејот во Куманово, Павловски и останатите присутни уживаа во изложените 22 дела од уметници, академски сликари и скулптори од Македонија, Бугарија, ...

Повеќе »

Министерот во владата на РМ и потпретседател на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ ја посети Општина Струмица

Денес во работна посета на Струмица, претстојуваше Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија. Притоа, тој оствари средба во Општина Струмица со в.д. градоначалникот Костадин Костадинов, на која беше разговарано за можна соработка на разни проекти, кои ќе имаат за цел, заживување на економијата во општина ...

Повеќе »

Реакција на ЛДП Гевгелија: Масовна кражба на гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија!

Масовна кражба на гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија! Почитувани сограѓани, Деновиве ни беше доставен документ за потрошеното гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија по возила, за период од 01.01.2017 година до 31.03.2017 година, споредбено со истиот период за минатата 2016 година. Податоците се фрапирачки и покажуваат масовна кражба на гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија. Четири ставки од извештајот се највпечатливи и ...

Повеќе »

Одбележување на националниот празник Илинден, Денот на Републиката од страна на ЛДП-Гевгелија

Одбележување на националниот празник Илинден, Денот на Републиката од страна на ЛДП-Гевгелија, со положување свежо цвеќе на дел од спомениците во Општина Гевгелија.

Повеќе »