Внатрепартиски активности

Формиран Советот за безбедност и одбрана на ЛДП

Во средата на 06.04.2016 година во просториите на партијата се конституира Советот за безбедност и одбрана на ЛДП. Присутните членови за претседател на овој Совет го предложија универзитетскиот професор Стојан Славески. Согласност на овие одлуки треба да дадат Извршниот и Централниот одбор на ЛДП со што Советот може непречено да работи. Советот како примарна задача ќе има да обработува теми ...

Повеќе »

Работна средба Милевски – Кадик

Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, во просториите на Собранието на Република Македонија оствари средба сo директорот за југо-источна Европа на германската фондација “Фридрих Науман“, Даниел Кадик. На работната средба, Милевски и Кадик разговараа и разменија мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија, како и за можните сценарија за излез од долготрајната политичка криза. Претседателот на ЛДП, Милевски, го ...

Повеќе »

Формиран изборниот штаб на ЛДП

Со одлука на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија, на седницата одржана на ден 27.03.2016 година, формиран е Изборниот штаб за претстојните парламентарни избори. Изборниот штаб ќе го предводи генералниот Секретар на ЛДП, Дуфе Кукоски, а во составот на изборниот штаб влегуваат членови на Извршниот и Централниот одбор на ЛДП, како и преставници на Форумот на жени на ЛДП и Либерално-демократската младина ...

Повеќе »

ЛДП на конференција за родова еднаквост во седиштето на ООН во Њу Јорк

Секоја година Комисијата за статусот на жените во рамките на Обединетите Нации, одржува конференција на која се утврдува напредокот во родовата еднаквост и зајакнувањето на жените, се идентификуваат предизвиците и се промовираат нови политики. Оваа година од 14-ти до 24-ти март се одржува 60-тата конференција на тема „Зајакнување на жените и поврзаноста со одржливиот развој“. На конференцијата, како претставник од ...

Повеќе »

Милевски: Иванов е најдобар кога молчи  

Либерално-демократската партија синоќа во објектот на Македонската опера и балет ја одржа својата програмска конвенција. Во преполнетата сала на МОБ, во пресрет на вонредните парламентарни избори партијата ја презентираше својата програма. Пред присутните се обратија Даниел Кадик, директор на германската фондација Фридрих Науман за југоисточна Европа и господинот Ханс ван Баален, европратеник и претседател на АЛДЕ – Европската алијанса на ...

Повеќе »

ЛДП – Интерактива работилница во Куманово на тема човекови права и водење на кампања

Во Куманово на 25.02.2016 година, во просториите на општинската организација се одржа првата од планираните интерактивни работилници за човекови права и симулација на изборна кампања. Целта е едукација преку интеракција, размена на искуства и знаења за темелните вредности на едно општество и пренесување на порака од различни области до граѓаните. Клучна во секој процес е вклученоста на сите учесници, а ...

Повеќе »

Средба Милевски – Гујиќ

Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, оствари средба со делегација на Европските млади либерали (LYMEC), предводена од претседателката Ведрана Гујиќ. На средбата се разменија мислења за актуелната политичка ситуација во Македонија, за политичкиот договор од Пржино, како и за претстојните вонредни парламентарни избори. Од своја страна, Гујиќ го информира раководството на ЛДП за размислувањата и активностите на ЕУ околу бегалската ...

Повеќе »

ЛДП и ВМРО-НП: Окрупнување на опозицијата за рушење на власта

Потребно е да се вложат максимални напори од сите страни за окрупнување на опозицијата во Република Македонија и единствено делување на сите опозициски партии за промена на оваа недемократска власт. Ова е еден од заедничките заклучоци на денешната средба на лидерите на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски и на Либерално-демократката партија, Горан Милевски, на која се разговараше за актуелната политичка состојба во ...

Повеќе »

Беса и ЛДП: Македонските граѓани заслужуваат фер и демократски избори

Заедничка заложба на движењето Беса и Либерално-демократската партија е да се обезбеди фер и демократски изборен процес на претстојните вонредни парламентарни избори. Истовремено, двете партии бараат да се овозможи граѓаните слободно да ја изразат својата волја, без никакви притисоци и закани, како пред изборите, така и за време на изборниот ден. Ова е заедничкиот заклучок на двете партии по денешната ...

Повеќе »

Милевски: Советот на јавни обвинители да не дејствува како партиска експозитура на власта

Техничкиот премиер Емил Димитриев да се однесува сериозно за функцијата што ја извршува и да му даде целосна поддршка на Специјалното јавно обвинителство во откривањето на криминалот и корупцијата во редовите на власта. “Советот на јавни обвинители на Р. Македонија да престане да делува како партиска експозитура на ВМРО-ДПМНЕ, туку да се однесува соодветно на нивото на функцијата која што ...

Повеќе »