Соопштенија

Став на ЛДП во врска со договорот со Р. Грција

Вечерва Централниот одбор на ЛДП го разгледа и едногласно го прифати договорот потпишан помеѓу Владите на Република Македонија и Република Грција. Тројцата пратеници на ЛДП во Собранието на Република Македонија ќе гласаат ЗА прифаќање на овој договор. ЛДП смета дека со договорот е заштитет македонскиот национален идентитет. Заштитени се македонскиот народ, македонскиот јазик, култура, македонското државјанство, македонската посебност, кодовите мк ...

Повеќе »

ЛиДеМ: Најостро го осудуваме приведувањето на девојката поради употреба на канабис

Либерално Демократската Младина најостро го осудува настанот во кој беше приведена девојката во Скопје после нејзиното уживање на канабисот. Сметаме дека основните човековите слободи и права мораат да се почитуваат и тие преставуваат камен темелник на едно здраво демократско општество за кое се бориме и сакаме да живееме. Поминуваат веќе 21 година од кога ЛиДеМ неуморно се залага за имплементација ...

Повеќе »

Претседателот на ЛДП, Милевски, на средба со Комесарот Хан: Македонија пред клучен прогрес, позитивни најави од Брисел

Македонија пред клучен прогрес, позитивни најави од Брисел Претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски во Брисел денес разговараше со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, само на неколку дена пред објавата на Извештајот на Европската Унија за напредокот на Република Македонија во процесот за пристапување кон Европската Унија. “Имавме користен и добар разговор со комесарот Хан. Ја потврдив определбата на ЛДП и ...

Повеќе »

Антонио Димов – Нов директор на КПУ – “Идризово“

Владата на Република Македонија, на својата 54 седница, донесе одлука за именување на Антонио Димов за директор на Казнено-поправната установа “Идризово“. Димов е дипломиран економист. Во својата професионална кариера има работено во компанијата „Брако’ а подоцна и во „Фершпед“ а работел и како финансиски советник и во неколку други компании. Во ЛДП членува од 1997 година и низ годините извршувал различни партиски ...

Повеќе »

Зајкова: Груевски да се извини за дискриминаторската изјава за студентите!

Интегрален текст од прес конференцијата на претседателот на ЛИДЕМ, Моника Зајкова Шок, разочараност, осуда… Тоа е мојата реакција пред се како личност, но и како претседателка на Либерално-демократската младина, а претпоставувам и на секоја девојка и жена во Р.Македонија, по однос на вчерашната дискриминирачка и сексистичката изјава на претходниот претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски. Со ваквата изјава, Груевски изврши ...

Повеќе »

ЛИДЕМ: Благодарение на децениските погрешни политики, Скопје e втор најзагаден град во светот!

Свесното и системско уништување на зеленилото и дрвата, збогатено со ефектот од скопската урбана мафија поддржана од минатата власт, меѓу другото, доведе до енормна загаденост и лош квалитет на воздухот. Нивната негрижа за основното човеково право, запишано и во Уставот на Република Македонија, правото на заштита на животната средина, нѐ направи сите нас да бидеме жртви на нивната децениска погрешна ...

Повеќе »

Конгрес на АЛДЕ: ЛДП полноправен член на Алијанста на либерали и демократи за Европа

Викендов (1-3,12,2017 год.), делагација на Либерално демократската партија (ЛДП) присуствуваше на Конгресот на партијата АЛДЕ – Алијанса на либерали и демократи за Европа (ALDE – Alliance of Liberals and Democrats for Europe), што преставува најголем собир на либерали и демократи на стариот континент, на кој присуствуваа повеќе од 1500 делегати и гости. На Конгресот беше едногласно прифатено барањето на Либерално ...

Повеќе »

ЛДП: Кузмановска да ја продолжи расправата за буџетот

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска, втор ден ја одложува седница на Комисијата со што им го ускратува правото на пратениците да го искажат својот став за предлог буџетот за 2018 година. Според Деловникот за работа, расправата требаше да трае 10 работни дена, но Кузмановска освен што соопшти дека ја одложува на неодредено ...

Повеќе »

Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески (ЛДП), во рамки на TAIEX механизмот на ЕУ оствари студиска посета на Државната комисија по сигурноста на информацијата на Република Бугарија.

Повеќе »

Средба на Милевски со претседателот на Сенатот на Романија, Таричану

Денес, претседателот на комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија и претседател на Либерално-демократската партија (ЛДП), Горан Милевски на маргините на конференцијата “Западен Балкан – интегрален дел од обединета Европа”, оствари средба со претседателот на Сенатот на Романија, Калин Попеску Таричану. На средбата се разговараше за продлабочување на регионалната соработка, потребата од забрзување на процесот на приближување на ...

Повеќе »