Соопштенија

ЛДП: Ги поздравуваме мерките на Град Скопје за справување со воздухот убиец!

Либерално-демократската партија ги поздравува и ги смета за издржани предложените мерки на Градот Скопје, за справување со загадениот воздух. Истите се добра основа за почеток на процесите кои ќе доведат до намалување на загадувањето во градот, почист воздух и здрава животна средина за сите граѓани. Иницијативата на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, да се иницираат законски измени за еколошко мапирање на ...

Повеќе »

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на конференција од ХОПС

Претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, заедно со други пратеници присуствуваше на конференција организирана од страна на ХОПС на тема: “Модели за финансирање на програмите за превенција од ХИВ и намалување на штети од употреба на дроги”. Конференцијата се одржа во хотелот Холидеј Ин во Скопје и на истата говореа Христијан Јанкуловски извршен директор на ...

Повеќе »

Учество на министерот Проф. Д-р Зоран Шапуриќ на меѓународна конференција, под наслов: “Можност за јавно – приватно партнерство и регионален развој”

Во своето обраќање, министерот без ресор задолжен за регулативата за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, рече дека јавното-приватно партнерство во Македонија е регулирано веќе подолго време и во пракса се уште е во зародиш и не се доволно искористени потенцијалите кои што ги нуди оваа форма на инвестирање во инфраструктурни проекти. – За овој кус период ...

Повеќе »

ЛДП на локалните избори ќе настапи заедно со СДСМ

Либерално-демократската партија синоќа донесе одлука на наредните локални избори да биде дел од победничката коалиција со СДСМ, коалиција која гарантира враќање на демократијата на локално ниво, расчистување со криминалното рабтоење и конечно, посветување на реалните локални проблеми на граѓаните. На синоќешната седница, Централниот Одбор на ЛДП го прифати договорот за коалиционен настап на наредните локални избори со Социјал Демократскиот Сојуз ...

Повеќе »

Министерот и потпретседател на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ на интервју во ТВ “ВИС“ Струмица

Министерот во владата на Република Македонија и потпретседател на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ, во интервју за телевизијата “ВИС“ од Струмица, разговараше за заложбите на новата влада во однос на економијата и инвестициите во приватниот сектор во државата. Редовниот поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ), нелојалната конкуренција, како и превработеноста на јавниот сектор беа дел од темите на двајцата ...

Повеќе »

Делегација од ЛДП и АЛДЕ на средба со холандскиот амбасадор Воутер Пломп

Вчера, претседателот на Европските либерали, (Алијанса на либерали и демократи на Европа – АЛДЕ) и пратеник во Европскиот парламент, господинот Ханс Ван Бален, заедно со претседателот на Либерално-демократската партија и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, потпретседателот на ЛДП, минстерот Зоран Шапуриќ и генералниот секретар на Либералната интернационала, Емил Киријас остварија средба со Амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. господинот ...

Повеќе »

Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Ивица Тодоровски, во посета на метео станиците во Битола и Прилеп

Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Ивица Тодоровски денес оствари работна посета на метеоролошките станици во Битола и Прилеп како и на радарскиот систем Тополчани кој ја покрива целата територија на Македонија. Посетите на терен се остваруваат со цел новиот директор непосредно да се запознае со условите за работа и состојбата во која се наоѓа оваа Управа.

Повеќе »

Министерот во владата на РМ и потпретседател на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ ја посети Општина Струмица

Денес во работна посета на Струмица, претстојуваше Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија. Притоа, тој оствари средба во Општина Струмица со в.д. градоначалникот Костадин Костадинов, на која беше разговарано за можна соработка на разни проекти, кои ќе имаат за цел, заживување на економијата во општина ...

Повеќе »

Директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски на средба со лозарите

Директорот на државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во пресрет на годинешниот откуп на винското грозје, учествуваше на состанок со лозарите – производители на грозје. На средбата лозарите пред министерот и останатите присутни претставници на владините институции ги презентираа нивните барања во однос на откупната цена и останатите проблеми со кои ...

Повеќе »

Состанок на директорот на Земјоделскиот инспекторат, Јане Станкоски со директорите на Бирото за метеорологија и Агенција за финансиска поддршка на земјоделство

Одржан работен состанок на директорот на државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски со директорите на Бирото за метерологија и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Во пресрет на откупот на грозјето, денеска во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство се одржа работен состанок каде директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, оствари средба со директорите на Агенцијата ...

Повеќе »