Соопштенија

ЛДП: “Сваровски“ судството направи ерозија на правосудниот систем во државата

  Власта направи целосна ерозија на квалитетот, стручноста и моралот на правосудството во Република Македонија. “Сваровски“ судството 10 години е под директна контрола на владеачката гарнитура. Токму состојбите во правосудството и партизираното судство беше една од темите за дискусија на трибината на Либерално-демократската партија во Свети Николе, насловена “Македонија после Груевизмот – Либерални решенија“. Даница Чадиева, Генерален секретар на Форумот ...

Повеќе »

ЛДП: Власта безмилосно ја запостави еколошката агенда

  Македонија се соочува со бројни еколошки проблеми, пред и над се’ – загадениот воздух, непланското градење, прекумерната сеча на шумите, лошото управување со отпадот, што доведува до безмилосно и безобзирно уништување на природата. Екологијата, односно, проблемите, причините, последиците и понудата на решенија, беше една од главните теми на дискусија на синоќешната трибина на Либерално-демократската партија во Свети Николе, како ...

Повеќе »

Николова: Стоп за насилството врз жените и ратификација на Истанбулската конвенција

Интегрален текст од изјавата на претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Јулиана Николова   Ден по завршувањето на кампањата „шеснаесет дена активности“ против родово базирано насилство, Форумот на жени  на ЛДП ги заокружува и своите активности во насока на подигнување на свеста за решавање на овој проблем како и негово правилно третирање и најавува и дека продолжува и понатаму ...

Повеќе »

Милевски: Изборите да се одложат ако Груевски продолжи да опструира

“Или ќе се имплементира договорот од Пржино со сите важни реформи, или избори во април нема да има“, ова беше една од главните пораки кои синоќа, од трибината на ЛДП во Велес, ја испорача лидерот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски. Зборувајќи пред велешани, Милевски кажа дека ако не се исполнат сите точки од Договорот од Пржино, односно се’ она што ...

Повеќе »

ЛДП: Граѓаните на изборите во април ќе си ги вратат сите изгубени слободи и права

Секоја година, на 10-ти декември, меѓународната заедница го слави Меѓународниот ден на човековите права, воспоставен како интернационален празник од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации во 1948-та година. Во Македонија, човековите права не се нешто за што би се славело. Сигурни на дното, Македонија се мачи со одржувањето на минимумот во оваа област, речиси на сите независни меѓународни листи. ...

Повеќе »

Демант на ЛДП: Мерните станици се набавени од владата на СДСМ и ЛДП, од 2003-2006 година

Либерално-демократската партија воопшто не е изненадена од обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја замајува јавноста со лаги и невистини за тоа како не се виновни што загадувањето на воздухот достигнува драматични размери, а тие не прави ништо тоа да се спречи. Вистината е на наша страна затоа што фактите говорат дека сите мерни станици, (со исклучок на една), кои работат во ...

Повеќе »

ЛДП: Веќе 5 години премиерот Груевски е ‘глув’ на барањето за бесплатен студентски превоз

Премиерот во заминување, Никола Груевски, од 1-ви јануари, 2016-та година, најави бесплатен превоз во јавниот градски автобуски сообраќај во Скопје, како и во другите градови каде што има организиран јавен превоз, за сите редовни студенти на државните универзитети. Сакаме да ја искористиме оваа прилика и да ја потсетиме јавноста дека Либерално-демократската партија во повеќе наврати, почнувајќи од 2010-та година, поведуваше ...

Повеќе »

Налбанти: Нудиме сет на мерки за развој и поддршка на микро и малите бизниси

Интегрален текст на прес-конференцијата на Јован Налбанти, ОО ЛДП Битола   Македонија е презадолжена земја и непотребно понатаму да се презадолжува. Новото интерно задолжување од 74 милиони евра и реакцијата на министерот Ставревски, како и премиерот Груевски, со најава за каснење на пензии, плати, субвенции е само обично заплашување на граѓаните, без никаква реална основа. Зоран Ставревски на 24.11.2015 година ...

Повеќе »

ЛДП: Доста беа дебати, итна легализацијата на канабис во медицински цели

Либерално-демократската партија смета дека легализацијата на канабисот во медицински цели мора да биде наша реалност и тоа во најскоро време. Се’ поголем дел на луѓе заболени од најразличен вид на болести го користат маслото од канабис како лек. Не смееме од луѓе со сериозни здраствени проблеми да правиме криминалци. Се додека канабисот е нелегален, лековите што произлегуваат од него нема ...

Повеќе »

Шапуриќ: Повеќе активности од Град Скопје за справување со загадувањето на воздухот

На последната седница на Советот на град Скопје, советникот од Либерално-демократската партија, Зоран Шапуриќ, побара од градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, да се обрати до Владата за доделување на субвенции – дотации, за преземање на мерки и активности од страна на градот за поголема заштита на животна средина, а особено за справување со се’ поголемото загадување на воздухот. Според ...

Повеќе »