Целосно спроведување на Договорот од Пржино, јасна порака на европските Либерали

Вчера и денес во Европскиот Парламент се одржа тркалезна маса на високо ниво за земјите од Западен Балкан, во организација на АЛДЕ групата, на која беа поканети претседателите на Либералните партии од западниот Балкан.

На тркалезната маса присуствуваше и претседателот на ЛДП, Горан Милевски, кој беше придружуван од Владимир Кировски, претседател на Советот за меѓународна соработка на ЛДП. На самата тркалезна маса присуствуваа претседателот на АЛДЕ групата г-динот Гај Верховштад, како и г-динот Ханс Ван Баален, потпретседател на АЛДЕ групата во Европскиот Парламент, г-динот Иво Вајгел, известувач за Македонија како и други европратеници.

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, имаше обраќање на тркалезната маса, на деликатна и актуелна тема од нашето секојдневие: “Локалната власт vs авторитарен режим:случајот на Скопје“, но нагласокот разбирливо беше ставен на функционирањето на Општина Центар во речиси невозможни и вонредни услови, во какви се наоѓа и целото македонско општество.

На маргините на конференцијата претседателот на ЛДП, Горан Милевски се сретна и со известувачот за Македонија, Иво Вајгел со кој е разговарано за актуелната политичка состојба. Уште еднаш е повторено дека Република Македонија мора да се движи по европската патека и во целост да се спроведе Договорот од Пржино.

На овој начин, со силна поддршка на европските либерали, ЛДП порачува дека во моментов надвладувањето на разумот е побитен од било кога, за цивилизирано решение на длабоката и сложена политичка криза, преку целосно и доследно спроведување на Договорот од Пржино.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Работна средба Милевски – Павловски

Претседателот на комисијата за економски прашања во Собранието на РМ, Горан Милевски денеска оствари работна ...