ЛДП: Победата на либералната партија во Холандија е победа на концептот за обединета Европа

Либерално-демократската партија на Македонија упатува искрени честитки до Народната партија за слобода и демократија (ВВД), на премиерот Марк Руте, за победата на парламентарните избори во Холандија.

Народот на Холандија јасно се определи за победа на демократските сили над популистичките и националистички трендови кои се закануваат на стариот континент.

Концептот на обединета и силна Европа е се’ побезбеден!

Повторната победа на сестринската либерална партија во Холандија е аргумент повеќе и за Република Македонија да не скршнува од патот кој води кон Европската Унија и НАТО.

Нашата држава треба да го следи примерот на Холандија, која во овие тешки моменти за Европската Унија, покажа демократска зрелост и одбра да продолжи по Европскиот пат, за една обединета Европа, бидејќи само таква Европа може да се справи со глобалните предизвици.

И токму во овој контекст, уште еднаш го повикуваме претседателот Ѓорге Иванов да не се спротивствува на волјата на мнозинството гласачи и да го додели мандатот за состав на нова влада на здружената опозициска коалиција, бидејќи унитарноста на Македонија ќе биде побезбедна во евроинтегративните процеси.

Воедно, предупредуваме дека изборот на претседател на Собранието мора да биде поврзан со изборот на нова влада која ќе ги преземе сите мерки за смирување на кризата и нормализирање на состојбите во државата.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател ...