ЛДП: Граѓаните на изборите во април ќе си ги вратат сите изгубени слободи и права

Секоја година, на 10-ти декември, меѓународната заедница го слави Меѓународниот ден на човековите права, воспоставен како интернационален празник од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации во 1948-та година.

WHRDВо Македонија, човековите права не се нешто за што би се славело. Сигурни на дното, Македонија се мачи со одржувањето на минимумот во оваа област, речиси на сите независни меѓународни листи.

Власта свесно, во своето десетгодишно владеење, успеа да уништи се’ она што важеше за основно човеково право, пред се’, со систематската (зло)употреба на институциите. Пристрасното судство, корумпираното обвинителство, полициската бруталност демонстрирана низ годините, како и загушувањето на слободата на изразување и говор се само дел од проблемите со кои Македонците се соочуваат на дневни основи.

Либерално-демократската партија сака на сите граѓани да им го честита Меѓународниот ден на човековите права и да им порача дека крајот на оваа владеача гарнитура никогаш не бил поблиску. Убедени сме дека граѓаните наредната година, на изборите во април, повторно ќе успеат да си ги вратат сите досега изгубени слободи и права.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...