Цветковски: Директорите на неколку училишта во Битола се со истечен мандат

Интегрален текст од прес конференцијата на претседателот на ОО ЛДП Битола, Томе Цветковски

tome-cvetkovskiЛиберално-демократската партиај денеска ќе изнесе неколку факти за тоа дека Битола не функционира нормално и Владимир Талески, во интерес на сите граѓани, мора веднаш да поднесе оставка.

ЛДП ќе ја запознае јавноста со состојбите во битолското образование и начинот на кој ДПМНЕ ја практикува власта.

Според официјално достапните документи, директорите на неколку училишта во градот се со поминат мандат и според нас одлуките кои ги донеле во овој период не можат да бидат законски и не се одржливи.

На директорот на Битолската гимназија, ВД мандатот му истекол на 11.07.2016 и истиот до сега не добил продолжување.

Директорката на средното медицинско училиште и покрај тоа што е под истрага за “Транспортер“, направи долг од 250.000 евра, доби две препораки од антикорупциската комисија за нејзина смена, сеуште безгрижно седи во директорската фотелја а мандатот и истекол на 10.07.2016. Јавно прашуваме, што треба да направи за истата да биде сменета од директорското место?LDP-660x330

ВД мандатот уште на 29.07.2016 и истекол и на директорката на “Кирил и Методиј“, а во “Ѓорги Сугаре“ решението за избор истекува за два дена.

Овие аргументи покажуваат дека во Битола владее организиран хаос, а ДПМНЕ продолжува да ја негира реалноста која му се случува на градот.

Затоа, за излез од кризата во која Битола се наоѓа во последните 12 години, уште еднаш ги повторуваме нашите две барања:

  1. Итна оставка на Владимир Талески од местото градоначалник и
  2. Одржување на избори за градоначалник на 11-ти Декември заедно со парламентарните избори.
Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП Куманово со свечени активности по повод одлебежувањето на денот на ослободување на градот

По повод одбележувањето на 11-ти Ноември – денот кога пред 73 години Куманово беше ослободено ...