Дебата во организација на фондацијата ,,Фридрих Еберт“: Демократија и човекови права и Животна средина

Денес во Холидеј Ин се одржа јавна дискусија во организација на Фондацијата ,,Фридрих Еберт,, на организациите од граѓанското општество со претставници на политичките партии за две клучни области-Демократија и човекови права и Животна средина.

Во име на ЛДП учество зема Никица Корубин, кандидат за пратеник од Изборната Единица 1, и ги истакна заложбите на ЛДП во овие две клучни области – нема функционално општество без почитување на основните човекови права, а општество кое не е оддржливо не може да ги решава ниту драматичните проблеми со загадувањето и животната средина.

Во име на Коалицијата предводена од СДСМ, со која заеднички настапуваме на изборите, со потпишување на меморандумот за прифаќање барањата на организациите од граѓанскиот сектор се обврза Радмила Шеќеринска, носител на 5-та Изборна Единица.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Работна средба Милевски – Павловски

Претседателот на комисијата за економски прашања во Собранието на РМ, Горан Милевски денеска оствари работна ...