ЛДП ја потпиша Декларацијата за измена на Законот за прекинување на бременоста

%d0%a1%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-0001Денес, Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски и претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Јулиана Николова, потпишаа Декларација за измена на законот за прекинување на бременоста и обезбедување заштита на здравјето на репродуктивните права на жената, предложена од Платформата за родова еднаквост.

Законот за прекин на бременоста, кој во моментов е во сила, е рестриктивен и го ограничува правото на жените на избор. Со потпишувањето на декларацијата, ЛДП се обврза во новиот состав на парламентот да направи измена на Законот за прекинување на бременоста и тоа во одредбите кои го ограничуваат пристапот до абортус на жените во здравствените институции и го загрозуваат правото на заштита и на репродуктивните права.

Исто така, се обврзуваат на транспарентоност и партиципативност на сите заинтересирани страни, вклучително и на граѓанските организации во процесот на донесување на нова законска регулатива, при што ќе се следат препораките на Светската здравствена организација и обврските од националните и меѓународните документи за човекови права.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...