Делегација на ЛДП, предводена од Никица Корубин пратеник во Собранието на РМ, во одбележување на празникот со полагање свежо цвеќе на спомен обележјата во Скопје

По повод чествувањето на националниот празник Илинден, делегација на ЛДП предводена од Никица Корубин пратеник во Собранието на РМ, во чиј состав беа и Мара Столеска, секретар на градската организација на ЛДП и Марина Чорбеска, претседател на општинската организација на ЛДП од Кисела Вода, положија свежо цвеќе пред споменикот на Президиумот на АСНОМ во Жена парк, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на РМ и на Методија Андонов – Ченто на плоштадот во Скопје.

ЛДП им го честита празникот на сите граѓани на Република Македонија.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...