ДПМНЕ бесрамно го валка историското “ВМРО“

ldp-660x330Либерално-демократската партија им го честита на граѓаните на Република Македонија, 23-ти октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба.

Предзнакот “ВМРО“ денеска е узурпиран од политички партии кои сакаат да ги присвојат само за себе придобивките на славната организација од минатото, иако и самите се свесни дека немаат ништо заедничко со целите и традициите на ВМРО.

ЛДП во новото Собрание после 11 декември ќе поднесе закон за отстранување на четирите историски букви “ВМРО“ како предзнак на политичките партии и забрана за злоупотреба на ова име во насока на прибирање на политички, комерцијални и лични поени.

Никој нема право на монопол на овој дел од македонската историја, ниту пак право да ги валка во пепелта на криминалот, корупцијата и злоделата на оваа власт, чија партија го носи предзнакот “ВМРО“. Груевски заедно со неговата осомничена и обвинета дружина за криминал и изборни измами, немаат право да се кријат зад идеологијата, патриотизмот и зад овие четири букви кои се длабоко всадени во кодот на секој македонски граѓанин.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот Зоран Шапуриќ гостин на ТВ Плус Куманово

Министерот и потпреседател на ЛДП, Проф. д-р Зоран Шапуриќ, гостуваше во телевизијата “Плус ТВ Куманово“. ...