ЛДП: Политичките партии да ги тргнат канџите од ДИК

Политичките партии, учесници во изборниот процес да престанат со вршење на притисоци врз работата на Државната изборна комисија. Неприфатливо е било какво мешање во работите на ДИК, дури ниту најмала интервенција врз процедурите на нејзиното одлучување.

Членовите на ДИК да не потклекнуваат на политичкото влијание и притисоците, а уште помалку, да не потклекнуваат на пресијата од повикот на одредени партии за протести пред нејзиното седиште, додека одлучуваат за крајните резултати од предвремените парламентарни избори. Ако фактичката состојба потврди дека треба да се прегласува во одредени изборни единици, тоа не смее да биде повод за деструктивно однесување на било која од политичките партии.

Либерално-демократската партија се залага за фер и демократски избори и однапред го осудуваме секој обид за било какво влијание врз одлуките на ДИК. Во оваа држава мора да се врати владеењето на правото и почитувањето на законите. Апелираме до сите засегнати страни да се воздржат од избрзани и непромислени постапки и да ги почитуваат основните принципи на демократијата и европските вредности.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...