ЛДП: Државниот секретар во Министерство за економија г-дин Зоран Павловски во посета на Република Словенија

Главниот град на Словенија беше домаќин на 11. Седница на Мешовитaта комисија по Спогодбата за стопанска соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија. Македонската страна ја предводеше државниот секретар во Министерство за економија г-дин Зоран Павловски (ЛДП), а словенечката беше предводена од државниот секретар во Министерство за надворешни работи на Република Словенија, г-дин Изток Мирошич,

Целта на Мешовитата комисија е развивање и унапредување на вкупните билатерални економски односи меѓу двете земји во повеќе економски области, како и развивање на можности, изнаоѓање на решенија и иницирање на предлози за подобрување на условите за економската соработка.

Државниот секретар Зоран Павловски, меѓу другото, во име на Владата на Република Македонија, се заблагодари на словенечкиот колега за силната поддршка што Република Словенија и ја дава на Република Македонија во процесот на европска интеграција, како и во продлабочувањето на економската соработка на регионално и мултилатерално ниво.

Беше заклучено дека е потребно двете земји да работат на развој на посилни економски врски и промовирање на трговијата и инвестициите, преку поинтензивен билатералниот дијалог за економски прашања, особено во контекст на ЕУ.

Од особена важност е да се поддржи соработката во потенцијалните сектори, како што се: енергетика, транспорт и транспортна инфраструктура, земјоделство, индустрија и интернационализација, животна средина, туризам, дигитална економија и др, за кои детално се разговараше на експертско ниво на маргините на 11. Седница на Мешовитата комисија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на Балкански инженерски форум во Софија

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, д-р Зоран ...