Состанок на директорот на Земјоделскиот инспекторат, Јане Станкоски со директорите на Бирото за метеорологија и Агенција за финансиска поддршка на земјоделство

Одржан работен состанок на директорот на државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски со директорите на Бирото за метерологија и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој

Во пресрет на откупот на грозјето, денеска во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство се одржа работен состанок каде директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, оствари средба со директорите на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој и Бирото за метерологија.

Со директорот на Бирото за метерологија беа разгледани и донесени итни мерки за интервенција на стучниот тим на Бирото за метерологија и контрола на терен се со цел да се деблокираат откупните пунктови кои имаат проблеми со колските ваги.

Меѓу другото на денешниот работен состанок со директорот на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беше разгледана исплатата на откупеното грозје од страна на винарските визби.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...