Портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ, дел од работата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа

Портпаролот на ЛДП Филип Јаневиќ од 26ти до 30ти Јуни беше дел работата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Имено како претставник на IFLRY (International Federation of Liberal Youth) Јаневиќ учествуваше на работните состаноци на ALDE (Alliance of Liberal and Democrats for Europe) а исто така, ги мониторираше и пленарните сесии на Парламантарното Собрание на Советот на Европа.

Состаноците на АЛДЕ групата се организираат за подобра и поефективна координација на пратениците од оваа групација со цел јасно изразување и застапување на либерлно-демократските ставови и вредности како на пленарната сесија на собранието така и во работата на парламентарните комитети.

Парламентарното Собрание на Советот на Европа се состанува 4 пати годишно во Стразбур, Франција. Парламентрните сесии траат една недела. Следното заседание на парламентарното собрание е во октомври.

“Ова беше одлична можност од прва рака да се слушнат актуелните дебати на европско ниво како и да се види улогата на либерализмот на целиот континент. Човековите права на целиот континент се ставени на вистински тест под налетот на тероризмот, миграциските процеси, исламофобијата и родовите прашања. Европскиот континент го чекаат многу предизвици во 21век но нема дилема дека концептот на либерално општество со цврсто воспоставени демократски институции и процеси е едниствениот гарант на човековите права, што преставува предуслов за индивидуален и општествен напредок.

Она што ме радува лично е што Македонија има вистински пријатели кои посакуваат и прават напори да видат либерални и граѓански вредности во нашата земја. Ако сакаме да биде дел од европа во вистинска смисла на зборот тогаш императивот мора да ни биде градење на политички систем кој ќе биде и либерален и демократски. А за воспоставување на таков систем нѐ чека многу работа.”

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Средба на министерот и потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ, со евроамбасадорот Самуел Жбогар

Вчера, шефот на делегацијата на Европска Унија, Самуел Жбогар, го посети министерот, проф. д-р Зоран ...