Форум на жени на ЛДП на маршот под мотото „Заедно можеме со љубов за Македонија“ организиран по повод меѓународниот ден на жената

По повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, на 4-ти март 2018 год. се одржа осмомартовски марш под мотото „Заедно можеме со љубов за Македонија“ во организација на Форумот на жени на СДСМ во Куманово.
На маршот, свое активно учество зеде и Форумот на жени при ОО на ЛДП – Куманово, чии членки, заедно со повеќе илјади жени од целата држава, продефилираа низ Кумановските улици.
Маршот започна пред градскиот базен, продолжи низ главните улици на градот и заврши на градскиот плоштад каде свое пригодно обраќање имаше лидерот на СДСМ и Премиер на Република Македонија, г-динот Зоран Заев.​
Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП учесник на состанокот на Советот на ALDE во Софија

Делегација на ЛДП, предводена од Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, учествуваше на состанокот на Советот ...