Форум на жени на ЛДП: Трибина на тема “Економското јакнење на жените – пат кон еднакво општество”

Среда, 14.03.2018 год.

Во организација на Форумот на жени на ЛДП, се одржа трибина на тема: “Економското јакнење на жените – пат кон еднакво општество”.

Говорници на трибината беа:
– Ангелка Пеева Лауренчиќ, успешна жена претприемач, сопственик на агенцијата ImagePR,
     – Александра Цветковска преставник на НДИ (National Democratic Institute),
     – Франсоа Лафонд, ЕУ експерт, советник во Министерството за евроинтеграции   и
     – Проф. Др. Леонид Наков, професор на економскиот факултет.
Настанот го отвори претседателката на Форумот на жени, Јулиана Николова, која ги образложи мотивите за организирање на оваа трибина, пред се диспропорцијата во степенот на образование на жените, кои на секое академско ниво се повеќебројни, во однос на нивното учество на пазарот на труд, особено изразено на повисоките раководни позиции. Таа истакна дека еднакво општество е возможно само со еднакво учество и придонес на сите ѓраѓани во општествениот, културниот, политичкиот и секако, економскиот аспект на живеење.
Најнапред, г-динот Лафонд ги пренесе европските искуства на оваа тема и видувања за начините за надминување на овие состојби.
Г-ѓа Лауренчиќ, која на исклучително инспиративен начин, преку својата лична приказна за патот кон успехот ги мотивираше сите присутни и даде многу практични совети и препораки за сегашните и идни жени претприемачки.
Професорот на економски факултет, Леонид Наков, даде свој осврт на темата од научен аспект, преку теориски и практични примери и понуди стручна експертиза која е важна за градење на стратегии и решенија на економското јакнење на жените.
На крајот, г-ѓа Александра Цветковска од НДИ, ја заокружи дебатата со поставување на темата во институционално-политички контекст, при што посочи кои би биле следните чекори во насока на унапредување на еднаквоста во општеството по сите параметри, со посебен осврт на учеството на жените во политиката, бизнисот и претприемништвото.
По завршувањето на излагањата на говорниците, публиката покажа голем интерес при што се поставија повеќе прашања до говорниците и се разви широка дискусија поврзана со темата на трибината.
ЛДП уште еднаш потврди дека економијата е високо во програмските приоритети на партијата, родовата еднаквост еден од императивите на либералната идеја, а концептот за еднаквост долгогодишна идеолошка заложба.
– Трибината беше одржана во просториите на ЕУ ИнфоЦентар во Скопје.
Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...