Претставнички на Форумот на жени на ЛДП учеснички на обука како дел од проектот на UNDP – “Жени во политиката“

Во периодот од 14 до 16 јули 2017 година,  во хотелот Радика во Леуново, во организација на УНДП (Програмата за развој на Обединети нации), се одржа обука насловена како “Жени во политика- фокус на улогите и одговорностите на жените политичарки за прашањата на насилство против жените и семејно насилство“.

Целта на оваа обука беше натамошно надградување на знаењата и вештините на жените во политика во однос на насилството, со посебен фокус на активностите кои можат да се преземат на локално ниво.

На обуката, како преставнички на ЛДП учествуваа:

  • Силвана Трбогазова – Претедателка на ОО на ЛДП Аеродром
  • Марина Чорбевска – Претедателка на ОО на ЛДП Кисела Вода
  • Верица Буралиева – Претедателка на ОО на ЛДП Струмица
  • Елена Тевчева – Претедателка на ОО на ЛДП Велес
  • Ана Савеска – Секретар на ОО на ЛДП Кичево, Цлен на ЦО на Форумот на жени на ЛДП

Дел од атмосферата низ фотографиите во прилог:

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП Куманово со свечени активности по повод одлебежувањето на денот на ослободување на градот

По повод одбележувањето на 11-ти Ноември – денот кога пред 73 години Куманово беше ослободено ...