Форумот на жени на ЛДП со свои преставници на семинарот “Жените во политика“ во организација на NDI

Од 11 до 13 декември во организација на Националниот демократски институт Охрид се одржа семинар на тема „Жените во политиката – со фокус на парламентарните избори во 2016“. Учество земаа припаднички од сите политички партии во Р. Македонија. ЛДП имаше четири претставнички, Весна Миркова, Лидија Гошевска, Никица Корубин и Јулиана Николова. Во исклучително пријатна и пријателска атмосфера, учесничките на семинарот преку размена на искуства и знаења, работа во групи со припаднички на различни партии, симулации, дискусии, ги потврдија резултатите на последните истражувања, дека жените се исклучително способни и подготвени за натпартиска соработка. Се обработуваа повеќе теми за кои беа ангажирани врвни експерти – “ жени во политика, социјални медиуми, комуникација со глсачи, градење поддршка, поврзување со гласачите, етика во политиката и уште многу други.
Претставничките на ЛДП во текот на целиот семинар активно учествуваа во работата, остварија многу контакти и договори за сорабтка во иднина со другите женски политички организации, како и со организациите и експертите – поддржувачи на проектот. Семинарот ќе има и втор дел во февруари, каде ќе се заокружи планираната програма на NDI.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана ...