Форумот на жени на ЛДП на меѓународна академија во Блед, Словенија

Во Блед, Словенија, од 3-ти до 6-ти ноември 2016 година, се одржа четвртата регионална лидерска академија за Либерални жени од југоисточна Европа.

Целта на настанот беше да се поттикнат жените активистки и претставнички од либералните политички партии од југоисточна Европа на поактивно учество во избори и кампањите. Учесничките се обучуваа за процесот на номинирање и одбирање кандидати за изборите, што е квота систем, како може истиот да биде искористен во полза на жените кандидати и се претставија чекори кои водат кон подготовка на лична кампања за избори.

Дополнително, беа опфатени и теми за интегрален еколошки развој, се совладуваа вештините на јавно говорење и се споделија важни меѓународни искуства. Учествуваа жени членки на партии со либерална проминенција од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Молдавија, Косово и Албанија.

На маргините на настанот се одржа средба на претставничките од либералните партии од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора на која се започна иницијатива за понатамошна соработка на жените од регионот под работен наслов “Жени без граници”.

На академијата, како преставнички на Либерално-демократската партија, присуствуваа Елена Тевчева, Претседателка на ОО на ЛДП-Велес и Силвана Трбогазова, Претседателка на ОО на ЛДП-Аеродром.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Македонија нема алтернатива за Европската Унија

Денес се навршуваат 60 години од потпишување на Римските спогодби, со кои освен Европската зедница ...