ЛДП со Соња Ѓорѓиева во Советот на Виница

Соња Ѓорѓиева уште еднаш ја доби довербата да ја застапува ЛДП во општинскиот Совет во Виница.

Членот на Централниот одбор на ЛДП од Виница и голем активист во Форумот на жени, Соња Ѓорѓиева, доби повторно доверба од општинската организација на ЛДП од Виница да ја претставува ЛДП во локалниот Совет во градот.

Ѓорѓиева е на високото трето место на кандидатската листа за советници.

Таа во досегашната работа во Советот на општина Виница се истакна со својата чесност и борбеност, а беше и активен учесник во сите активности насочени кон рушење на режимот и враќањето на демократијата во Македонија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП-Славески: Потпишан Меморандум за соработка со Комората за приватно обезбедување

Директорот Дирекција за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, потпишa меморандум за соработка со претседателката ...