Ѓошевска: Од 11-ти декември, подобрена улога на жената во општеството

lidija-gjosevskaФорумот на жени на ЛДП во новата влада после 11-ти декември  ќе ги има следните приоритети.

– Активна улога на жената во борбата против семејното насилство, и усвојување на Конвенцијата за борба на жената против семејното насилство.

–  Намалување на родовата нееднаквост на сите полиња, вклучувајќи ја  и потполната еднаквост во парламентот и владата на Република Македонија.

– Поголема заштита и поголеми права на самохраните мајки и залагање за нивно активно учество во решавањето на нивните огромни проблеми.

– На жените ќе им овозможиме да  добијат знаење за претприемачки идеи  за самостојно отворање на мали  претпријатија.

– Внимание ќе посветиме и на подобрување на  работничките права на жените,  кои работат во текстилната и во индустриите каде платата е минимална. Поголемата безбедност при работа и подобрување на условите ќе бидат приоритет на ЛДП во периодот по 11-ти декември.

– Форумот на жени на ЛДП не смее и нема  да дозволи нашите деца да го дишат овој воздух и да живеат во ваква животна средина. Ќе предложиме и ќе реализираме огромен број на мерки за подобрување на квалитетот на воздухот и подобрување на животната средина.

Нашата идеја и цел е да го  подобриме местото и улогата на жената во сите сфери на општествениот живот, жената да стане активен  учесник во политиката,  бидејќи ЛДП имаме реален  потенцијал тоа да го оствари.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...