ЛДП: Европратеникот Илхан Кучук, во посета на Македонија

Денес во посета на Република Македонија е пратеникот од Европскиот парламент, г-динот Илхан Кучук, кој доаѓа од партијата “Движење за права и слободи“ од Р. Бугарија и е Потпретседател на АЛДЕ (Алијанската на либерали и демократи за Европа), како и член на групата за пријателство на Македонија и ЕУ при Европскиот Парламент.

Во рамките на посетата планирани се средби со преставници на Владата на РМ и претсавници на политички субјекти во државата.

Во 10:00 часот, г-динот Кучук има средба со Заменик на Претседателот на Владата на РМ, задолжен за европски прашања, г-динот Бујар Османи.

Во 11:00 часот има средби во Министерството на надворешни работи.

Од 12:00 часот во Собранието на Република Македонија ќе реализа поединечни средби со преставниците на политичките партии ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, СДСМ и ТХП.

Во придружба на г-динот Кучук се и г-динот Роман Јакиќ, Претседателот на регионалната либерална мрежа Libseen (Liberal South East European Liberals) и г-динот Гашпер Копрившек, член на бордот на АЛДЕ.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...