Иле Митковски, назначен за в.д. директор на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија

Иле Митковски од Куманово е назначен за в.д. директор на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија.

Новиот директор вчера е именуван од управниот одбор на Агенцијата и доаѓа на местото на Боби Мојсоски, кој на последната владина седница е назначен за в.д. директор на Казнено-поправната установа Идризово.

Иле Митковски доаѓа од ЈП „Водовод“. Предходно бил и секретар на општинска организација на Црвен крст Куманово.

Агенција за поддршка на претприемништвото на РМ претставува централна државна институција за поддршка на претприемништвото и развојот на малото стопанство во Република Македонија.

Надлежности на Агенцијата за подршка на претприемништвото се  изградба на поволно економско опкружување и законска регулатива, создавање и развој на институционална инфраструктура за поддршка и развој на претприемништвото и конкурентноста во малото стопанство,   спроведување и координација на државната и меѓународната поддршка за микро, малите и средни бизниси, промоција на претприемништвото преку нефинансиски и финансиски форми на поддршка и спроведување на Програмата за мерки и активности за поддршка на претприемништвото и создавање на конкурентност во малото стопанство на Република Македонија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП-Славески: Потпишан Меморандум за соработка со Комората за приватно обезбедување

Директорот Дирекција за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, потпишa меморандум за соработка со претседателката ...