Иницијатива за нова училишна зграда на училиштето “Вера Јоциќ“ во Општина Гази Баба

Zoran Stojanov

Зоран Стојанов, Советник во Советот на Општина Гази Баба, од редовите на Либерално-демократската партија, заедно со останатите советници од опозицијата, веќе подолго време се залагаат за изградба на нова училишна зграда за училиштето “Вера Јоциќ“ во нивната општина.

Но, мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно нема слух за потребите на граѓаните, пред се за децата кои го посетуваат ова училиште, бидејќи, и по подолго време, училиштето работи во катастрофални услови.

Со реакција се јавија и родителите кои се собраа во дворот на училиштето Вера Јоциќ за да апелираат до надлежните да се изгради нова училишна зграда.

Извор на видео: ТВ Телма

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...