Историја на ЛДП

i 1Либерално демократската партија е партија со либерална ориентација. Таа е правен наследник на Демократската и Либералната партија, кои на 19 април 1997 се обединија, формирајќи ја ЛДП.

За прв претседател на ЛДП е избран Петар Гошев, дотогашниот претседател на Демократската партија. ЛДП е полноправна членка на Либералната Интернационала и ELDR.

1998 Парламнтарни избори

i 2На парламентарните избори 1998 година ЛДП настапи во коалиција со Демократската партија на Македонија (ДПМ) од Тетово. На овие избори ЛДП освои 79.000 гласови (4 пратенички мандати). За пратеници беа иi 3збрани: Петар Гошев, Стојан Андов, Латиф Пајковски и Слободан Даневски.

На Првиот конгрес на ЛДП во пролетта 1999, а по неуспехот на парламентарните избори 1998, Петар Гошев се повлече од претседателската функција.

За нов претседател е избран Ристо Пенов, дотогашен потпретседател на партијата.

i 4

Во 1999 во текот на Бомбардирањето на Србија од страна на НАТО, ЛДП влезе во Владата на RedovanStojkovskiРепублика Македонија. За член на Владата, како министер без ресор, беше избран Радован Стојкоски. Како помошник министер за развој беше избрана Лилјана Поповска. По завршувањето на Kосовската војна, ЛДП се повлече од Владата.

1999 Претседателски избори 

На претседателските избори во 1999 година ЛДП учествуваше со свој кандидат, Стојан Андов. Тој на овие избори освои 112.000 гласови и не успеа да се пласира во вториот круг.i 5

На почетокот на 2000 година дел од припадниците на поранешната Либерална партија на чело со Стојан Андов (и со пратениците Пајковски и Даневски) ја напушти ЛДП и ја формира Либералната партија на Македонија.

2000 Локални избори

i 6Истата година, на Локалните избори 2000 година ЛДП настапи како дел од коалицијата За Македонија заедно, во која членуваа и СДСМ, СПМ и Лигата за демократија. На локалните избори 2000 г. Ристо Пенов бил избран во втор мандат за градоначалник на град Скопје.

2002 Паламентарни избори

Во коалиција „За Македонија заедно“со СДСМ, ЛДП учествуваше на парламентарните избори 2002 година, освојувајќи 13 пратенички места и влегувајќи во новата влада со 4 министри. ЛДП успешно ги водеше: министерството за труд и социјала каде министер беше Јован Манасијевки, Петар Гошев – министер за финансии и вицепремиер, Владо Поповски – министер без ресор, Славко Петров – министер за земјоделство и шумарство.

Во 2004 година во Владата ЛДП повторно имаше 4 министри но ги изгуби финасиите а за замена ги доби министерството за економија кое го водеше Стевче Јакимовски.i 7

Во 2006 година во Владата ЛДП имаше 4 министри и тоа: Владо Поповски – министер без ресор, Зоран Шапуриќ – министер за животна средина и просторно планирање, Стевчо Јакимовски – министер за труд и социјала, Јован Манасијевски е заменик-претседател на Владата и министер за одбрана. Во овој мандат, додека ЛДП со своите коалициони партнери беше во Владата, Македонија го доби кандидатскиот статус за членство во ЕУ и е пред вратите на НАТО.

2005 Локални избори

i 8На овие избори ЛДП освои 4 градоначалници: Аце Коцевски- Велес, Марјан Костадинов- Виница, Митров Орце – Чешиново-Облешево, Чашка- Стојан Маневски. На советничките листи ЛДП доби 86 советници низ Република Македонија.

Во 2005 година ЛДП доживеа уште едно отцепување. Лилјана Поповска ја напушти партијата и формира своја партија, Демократска обнова на Македонија.

2004 Претседателски избори

По смртта на Претседателот Борис Трајковски, Собранието на Република Македонија ги закажа третите вонредни Претседателски избори во Македонија. На претседателските избори во 2004 ЛДП го подржа кадидатот на СДСМ Бранко Црвенкосвки кој победи и стана претседател на Република Македонија.

2006 Парламентарни Избори

На парламентарните избори во 2006 година, ЛДП повторно настапи во коалиција со СДСМ и освои 5 пратенички мандати. Пратеници беа избрани: Ристо Пенов, Јован Манасијевски, Андреј Жерновски, Роза Топузова-Каревска, Слободан Најдовски.i 9

i 10Претседателот на партијата, Ристо Пенов, најави повлекување од лидерската позиција, по што, на 11 февруари 2007 година за нов претседател на Партијата е избран Јован Манасијевски, потпретседатели се Андреј Жерновски и Емил Кирјас, а за Генерален Секретар е избран Дуфе Кукоски.

2008 Парламентарни избори

i 11На предвремените парламентарни избори 2008 година, ЛДП повторно настапи во коалиција со СДСМ, i 12НСДП, ЛП, Нова алтернатива, Зелената партија и Партијата на пензионерите под мотото „Сонце – коалиција за Европа“ и освои 4 пратенички мандати.

2009 Локални-Претседателски избори

i 13Следната година 2009 на Локалните и Претседателските избори ЛДП настапи самостојно со свои кандидати. Нано Ружин освои 4,06% од гласовите како прeтседателски кандидат на ЛДП. i 14

Кандидатите за советници од редовите на ЛДП освоија 39 183 што се отсликува со 39 советници низ Македонија. ЛДП освои и еден градоначалник Стевче Јакимовски во општина Карпош каде беше подржана од опoзициските партии.

i 15

После локалните избори партијата ја напуштија градоначалникот на општина Карпош и поранешнот градоначалник на Велес Аце Коцевски кои преминаа во СДСМ.

2011 Парламентарни избори

На парламентарните избори партијата настапи самостојно со свои кандидати за пратеници и своја програма „Има излез” каде доби вкупно 16.551 гласови, Либерално-демократската партија ги изгуби сите 4 пратенчки мандати, доби само 1,48% од гласовите.i 16

i 17Поради лошиот изборен резултат и неосвојувањето на ниедно пратеничко место, претседателот Манасијевски поднел неотповиклива оставка. На негово место е избран Андреј Жерновски. Партијата во моментов е дел од коалицијата „Сојуз зa Иднината”.

2013 Локални избори

На Локалните 2013 година, ЛДП настапи како дел од коалиција „Сојуз за иднината“ предводена со СДСМ. На изборите ЛДП i 18освои едно градоначалничко место во општина Центар каде за градоначалник беше избран претседателот Андреј Жерновски. По трите круга прегласување и покрај сите притисоци, закани, уцени од централната власт врз граѓаните. Убедлива поддршка му дадоа на претседателот на ЛДП, Андреј Жерновски.

Покрај градоначалничкото место на советничките листи ЛДП доби 19 советници низ Република Македонија.