Изборно Собрание на ЛиДеМ Куманово

На 18,11,2015 година во Куманово се одржа 9-то Собрание на Либерално-демократската младина. Општинска организација Куманово.

На Собранието е покрај усвоените собраниски документи како Извештај за работата на ОО во изминатиот период и План за работа на ОО во наредниот период, придутните делегати гласаа и за ново раководство на Општинската организација.

За нов Претседател на ОО на ЛиДеМ Куманово избран е Денис Каревски, за Секретар избран е Миодраг Трајковски, додека за Потпретседател избрана е Драгана Пешиќ.

На Собранието присуствуваше и Претседателот на Либерално-демократската младина, Стефан Миновски, придружуван со дел од раководството на ЛиДеМ, кој меѓу другото истакна дека ОО на ЛиДеМ Куманово била и продолжува да биде една од најактивните Општински организации на ЛиДеМ во Македонија.

Дел од атмосферата на Собранието можете да видите преку следниве фотографии:

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

IFLRY ISSUE #33

Latest news from IFLRY In this month’s newsletter we recap the recent General Assembly and ...