ЛиДеМ: Изборно Собрание на ОО-БИТОЛА

На 10.12.2015 година во Битола, во Хотел Милениум, се одржа 10-то собрание на Либерално демократската младина, општинската организација Битола.
На собранието покрај усвоените собраниски документи, како извештај за работа на О.О. ЛиДеМ-Битола во изминатиот период и предлог правци за работа во наредниот период, присутните делегати бираа нов претседател и за нови органи на општинската организација.
За нов претседател на О.О. ЛиДеМ-Битола, од страна на присутните делегати, беше избран Целе Јолевски.
Исто така беа изгласани и новите состави на општинскиот и надзорниот одбор.
На собранието присуствуваше претседателот на ЛиДеМ Стефан Миноски како и дел од извршниот одбор на ЛиДеМ, кој меѓу другото истакна дека приоритет на младите во наредниот период е активно да се вклучат во рушење на режимот на Груевски.
Дел од атмосферата на собранието може да погледнете преку следните фотографии:

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...