Избрани кандидатите за пратеници на ЛДП

kandidati za pratenici 2016
kandidati za pratenici 2016

Либерално-демократската партија денес, на седницата на Централниот одбор, во демократска атмосфера и со тајно гласање, ги избра кандидатите за пратеници на претстојните вонредни парламентарни избори, закажани за 11-ти декември.

Во првата изборна единица, на 12-тото место на коалициските опозициски листи, партијата ја предложи Никица Корубин. Во втората изборна единица, на 17-тото место е претседателот на подмладокот на ЛДП, ЛИДЕМ – Стефан Миноски.

Јулиана Николова, претседателка на Форумот на жени на ЛДП е на 6-тото место во третата изборна единица. Во четвртата изборна единица, на 20-тото место на коалициската листа е Јасмина П. Миленковиќ, а во петтата изборна единица, на 4-тото место е претседателот на ЛДП, Горан Милевски.ldp-660x330

ЛДП на изборите на 11-ти декември ќе настапи како дел од опозициската коалиција, предводена од Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател ...