Милевски: Од април ќе го демонтираме Груевизмот

 

Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината како владата на Груевски го трошела буџетот  и колку длабоко навлегла во криминалот и раскрчмувањето на народните пари“, ова, меѓу другото го истакна лидерот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, на синоќешната трибина на ЛДП во Кичево “Maкедонија после Груевизмот – либерални решенија”

Милевски пред кичевчани рече дека го охрабрува Специјалното јавно обвинителство да влезе во беспоштедна битка со целокупниот криминал во Република Македонија, направен во последните години и и’ порача на Јанева да не подлегнува на партиски влијанија и притисоци од ниедна страна.

“Груевски после декември ја напушта владата и никогаш повеќе нема да стапне во неа како премиер. Од април, обврска на сите ќе биде да се изврши комплетно демонтирање на системот на ‘груевизмот’, враќање на слободата и демократијата“, рече Милевски.

Лидерот на ЛДП побара и од новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, покрај битката со криминалот да се посвети и на расчистување на случајот со фалц личните карти и прочистување на избирачкиот список, без кој е невозможно да се одржат фер и демократски избори.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Зоран Павловски на отворање на ликовните колонии “Карпино 2016“ и “Куманово 2016“

Минатата недела, членот на Извршниот одбор на ЛДП и раководител на интернационалните ликовни колонии “Карпино ...