Изјавата на Лавров – провокација или погрешна интерпретација?

timthumbЛиберално демократската партија е непријатно изненадена од изјавата на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Тој за сараевски “Дневни Аваз” изјави дека проширувањето на НАТО со поранешните југословенски републики- Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, би претставувала провокација.

ЛДП се надева дека изјавата е лошо интерпретирана или неавтентична, водејќи се од фактот дека од моментот кога Македонија се здоби со статус на држава-аспирант со акциониот план за членство во НАТО во 1999 година, Русија никогаш не се изјаснила против членството на Република Македонија во НАТО.

Но, ЛДП смета дека доколку изјавата е точно интерпретирана, тогаш таа е непримерна, неприфатлива и навредлива за граѓаните на Република Македонија, кои на сите анкети, со огромно мнозинство од околу 90% се изјаснуваат позитивно за влегување во НАТО алијансата.

ЛДП потенцира дека 15 годишниот пат кон НАТО алијансата се’ уште не е финиширан со полноправно членство, најмногу поради проблемите кои ги имаме со неразумната политика на јужниот сосед, но се’ повеќе и поради политиката на актуелната власт во нашата држава.

Сакаме да ја потсетиме Владата дека од неа се очекува да носи храбри и полезни одлуки за граѓаните на Република Македонија.

ЛДП и понатаму ќе инсистира на одржување и развивање на пријателските, културните, политичките и стопанските односи со рускиот народ.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛИДЕМ: Нека ни е среќен Меѓународниот ден на младите!

Либерално демократската младина, ЛИДЕМ, на сите млади во Македонија им го честита Меѓународниот ден на ...